Неверојатна фотографија од породување ја прикажува сета моќ на женското тело во моментот кога на свет донесува нов живот.
Породувањето е навистина посебен чин, оној што засекогаш останува врежан во сеќавањето на жените и за време на кој и самите се изненадуваат од силата и моќта на своето тело.
Една фотографија, на која уште на прв поглед се гледа колку е моќно женското тело, стана вирална ширум светот. На сликата се гледа родилка наведната напред, а на нејзиниот грб се забележуваат поместени карлични коски – за бебето да може да дојде на свет.
„Нашите тела се неверојатни! Сакам да бидам сведок на нивното величие“, напишала докторката Сара Викам, која ја објави фотографијата.
„Кога жената се наведнува напред, било да стои или е на колена, на нејзиниот грб може да се забележи испакнатина, веднаш во висина на струкот“, било објаснето покрај фотографијата, при што се нагласува дека станува збор за природна промена на телото.
Фотографијата изненади голем број мајки, кои сигурно ни не претпоставувале зошто толку многу ги болел грбот за време на породувањето.
„Тоа е, драги дами, причината зошто не боли грбот при породување. Кој би рекол“,
„Ова е неверојатно, не го знаев тоа. Сега сè ми е појасно“,
„Оваа фотографија ми предизвика солзи. Има огромна поддршка, сите се тука и ја оставаат мајката да го направи тоа на свој начин“, се само дел од коментарите, меѓу кои најмногу се истакна:
„Колку нашите тела всушност се неверојатни“.