[ФОТО] Висока е 208 см, а нозете ѝ се подолги од 135 см: Оваа инфлуенсерка не ја собира ниту в кревет ниту во автомобил

Точка

25/06/2025

20:43

478

Големина на фонт

а а а

Кога Мејси Курин (21) ќе зачекори по улицата, сите очи се вперени во неа бидејќи е невозможно да се игнорираат нејзините нозе, кои се долги над 135 сантиметри…

Оваа девојка од Остин, Тексас, официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди како жена со најдолги нозе во светот, а својата „необичност“ ја претвори во вистинска сензација на социјалните мрежи.


Со висина од 208 сантиметри, Мејси е повисока од повеќето кошаркари, но тоа не е пречка за неа – напротив, тоа е нејзин заштитен знак.


Иако многумина би помислиле дека таа би се свртела кон манекенска или спортска кариера, Мејси сепак се фокусирала на креирање содржини и мотивирање на другите.




Таа има милиони прегледи на ТикТок, а секојдневно објавува видеа од својот живот: како влегува низ врата, како се облекува, па дури и како седи во автомобилот (кој едвај ја собира).


„Во детството, се чувствував поинаку, често ги криев нозете затоа што се срамев од мојата висина. Денес, гордо ги покажувам и сакам да бидам инспирација за другите кои се „поразлични“, рече Мејси во едно интервју.


Нејзината левата нога е долга точно 135,27 см, а десната 134,3 см. Поради ова, таа носи специјално скроена облека и често мора да се бори со банални нешта – како што се кабини во продавници или хотелски кревети кои се едноставно премногу кратки за неа.


На Инстаграм и ТикТок, таа промовира „body positivity“, искрено зборува за предизвиците но и предностите на нејзината висина и повремено објавува саркастични видеа за секојдневните ситуации со кои се соочува.


„Го сакам тоа што сум висока, но кога се обидувам да најдам фармерки или чевли со број 46, понекогаш посакувам да сум „нормална“, се пошегува таа во едно од своите видеа.