[ВИДЕО] Се појави ново хит-чоколадо: Ја менува бојата, но постои еден „трик“

Точка

24/06/2025

18:17

489

Големина на фонт

а а а

Познатиот производител на чоколади „Cadbury“ претстави нова, ограничена серија од своите популарни чоколади „Dairy Milk“.

Како што пренесе „Сан“, овие чоколади доаѓаат во специјално пакување кое ја менува бојата кога ќе се излади, што ги прави овие чоколади идеално летно уживање. Нивната цена е 1,75 фунти (околу 2 евра).

Новите чоколади „Cadbury Dairy Milk Summer Edition“, заедно со вкусот „Iced Latte“, пристигнале на полиците во продавниците низ Велика Британија во јуни оваа година, завиткани во амбалажа што се активира на ладно и се трансформира во фрижидер.


Чоколадниот гигант од Бирмингем потврди дека специјалното пакување користи термохромна технологија која, кога е изложена на студ, открива шарени летни мотиви како што се лежалки, чадори за сонце, змејови и балони.

Вечната дебата: Дали чоколадото треба да се чува во фрижидер?

„Со ова летно издание, повторно ја отвораме дебатата за чување чоколадо во фрижидер“, изјави Мара Попа, бренд менаџерка во „Cadbury“. „Нашата нова линија ги потсетува потрошувачите дека чоколадото е одличен избор за ужина дури и во потопло време“, додаде таа.


Според сопственото истражување на „Cadbury“ повеќе од половина од Британците чуваат чоколади во фрижидер, особено во лето. Но исто така брендот преку социјалните мрежи им советуваше на потрошувачите да го чуваат чоколадото на „ладно, суво и темно место на температури под 21°C“ за да се избегне нарушувањето на неговиот квалитет.


Од друга страна 67% од испитаниците изјавиле дека се подготвени да пробаат ладно чоколадо, а „Cadbury“ ја искористи таа љубопитност на забавен начин.


Покрај иновативното пакување, „Cadbury“ воведе и нов вкус во ограничено издание – „Dairy Milk Iced Latte“. Ова е комбинација од млечно чоколадо со кремаст фил од кафе и крцкави парчиња бисквити.

Многумина изразија незадоволство

Сепак, многумина се разочарани од чоколадото бидејќи поради рекламирањето сфатиле дека самото чоколадо ја менува бојата, но всушност тоа не е така, односно пакувањето е тоа кое ја менува бојата.


„Не насамарија. Ова мора да се чува во фрижидер. Не сакам ладно чоколадо“ напиша еден корисник на ТикТок. „Навистина мислев дека чоколадото ја менува бојата. Без врска“, додаде корисник. „Секогаш мора да постои некаков трик. Сите мислевме дека чоколадото ја менува бојата“, коментираа други.