Оваа понуда е одлична можност за викенд „бегство“ од летната жега на некоја од посвежите дестинации во Македонија. Ако имаш финансиски потешкотии околу патувањето, земи брз кредит и врати точно онолку колку што си земал, без никакви дополнителни трошоци.
Со приближувањето на почетокот на летото, температурите секојдневно растат. Во градските средини надминуваат 30 степени Целзиусови. Како одговор на тоа, Credissimo ја замрзна каматната стапка за тримесечните брзи кредити на 0 %.
Оваа понуда е одлична можност за викенд „бегство“ од летната жега на некоја од посвежите дестинации во Македонија. Ако имаш финансиски потешкотии околу патувањето, земи брз кредит и врати точно онолку колку што си земал, без никакви дополнителни трошоци.
Ако си во дилема каде да побегнеш од градските горештини, ќе се обидеме да ти помогнеме во таа одлука. Ова се нашите топ предлози за викенд „бегство“.
Маврово – совршена комбинација од езеро и планина
Ова е дестинација каде што можеш да уживаш во планинските прошетки и да се разладиш, да возиш кајак по Мавровското Езеро. Температурите се значително пониски, а во вечерните часови можеби ќе треба да облечеш и лесна јакна. Посети го селото Галичник, сместено во пазувите на планината Бистра и најди дебели сенки по течението на реката Радика. Ако си љубител на традиционалната кујна, таму има повеќе ресторани и гостилници. Приватно сместување за четири лица чини околу 7.000 денари. Цените во кафеаните се слични како во Скопје што значи дека просечен ручек би чинел 1.000 денари по лице, односно ова задоволство два дена би те чинело 8.000 денари. Ако се додадат и патните трошоци, како и набавки на храна за останатите оброци, за релаксиран викенд на Маврово за четири лица, потребни се околу 20.000 денари.
Берово – воздушна бања на истокот на Македонија
Познато по најчистиот воздух во Македонија, Берово е вистински рај за оние кои сакаат мир, прекрасна природа и вкусна храна. Беровското Езеро нуди можности за релаксирање покрај вода, прошетки низ борова шума или возење велосипед. Локалните чаеви, домашниот мед и овчото сирење се одличен сувенир и вкусен спомен од ова гратче, а во локалните кафеани задолжително дегустирај беровско сирење, клиси и традиционалната бабина торта. Цените за сместување во Берово се приближно исти како и тие во Маврово, додека за јадење во ресторан може да поминеш и малку поевтино. Нашата пресметка е дека викенд во Берово за четиричлено семејство, со сите трошоци би чинел околу 18.000 денари.
Крушево – историска разгледница, свежина и спокојство
Највисокиот град на Балканот е совршена дестинација за викенд релаксација од секојдневните обврски. Крушево ќе те пречека со свежина, спокојство и богата историја. Мечкин Камен, комплексот Македониум и куќите на старите крушевски семејства ќе те одведат на патување низ времето. Доколку си зависник од адреналин, параглајдингот и планинскиот велосипедизам ќе те понесат на незаборавна авантура. Секако, неизбежен дел од мозаикот е локалната кујна и прочуениот крушевски локум. Во Крушево може да најдеш поевтино сместување, па така има високо оценети апартмани за сума од 4.000 денари за две вечери. Неколкуте локални ресторани, исто така, нудат прифатливи цени така што нашата математика вели дека викенд „бегство“ во Крушево би те чинел не повеќе од 14.000 до 15.000 денари.
Пелистер – најстариот национален парк со уникатна убавина
Ако си љубител на планинарење, Националниот парк „Пелистер“ е совршена летна дестинација. Пешачењето до ледничките езера Пелистерските Очи е предизвик, но нуди и спектакуларна глетка. Воздухот е свеж, а ноќите – пријатно ладни. Пелистер е препознатлив по своите патеки – пешачка, велосипедска и историска. Во селата во подножјето на планината Баба има сместувачки капацитети во кои ќе уживаш во автентичноста на руралниот туризам и храната приготвена од природни состојки. Во подножјето на планината Баба, има повеќе приватни сместувачки капацитети, а просечната цена за две вечери е околу 6.000 денари. За вкусување локални специјалитети, може да посетиш некој од рестораните во природа каде ручек за четворица би чинел околу 3.500 денари. За викенд на Пелистер, потребен ти е буџет од околу 17.000 денари.
Без разлика дали си авантурист, љубител на спокојството што го овозможува природата или сакаш да поминеш забавен викенд со семејството, супер поволните брзи кредити на Credissimo ти нудат можност да ги наполниш батериите на некоја од најживописните дестинации во Македонија.
Комерцијален текст