Новиот министер за хаосот со паркингот на Клинички: Имаме идеи, сè уште немаме решение

Макфакс

18/06/2025

14:32

806

Големина на фонт

а а а

Краткорочно имаме идеи, сè уште немаме решение, но работиме на тоа и веруваме дека за кратко време ќе бидете известени, изјави новиот министер за здравство, Азир Алиу, за хаосот со паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Тој рече дека паркингот не е ниту мапиран, односно не се знае ниту колку паркинг места има.

„Знаеме дека еден од главните инфраструктурни проблеми, освен зградите и внатре во Клинички е паркингот. За жал паркингот не е ни мапиран, ќе почнеме од базичните инфраструктурни чекори за да видиме колку паркинг места има, со длабока анализа ќе видиме колку пациенти има, колку вработени и ќе излеземе со краткорочно решение“, рече Алиу.


Долгороченото решение за паркингот, додаде тој, ќе зависи од долгорочното решение за Клиничкиот центар.

„Ќе мора да бидеме претпазливи, да не се инвестира во нешто што можеби утре нема да биде во функција“, рече Алиу.