Арсовска: Не биди ѓубре, не биди криминалец, не биди Јулијана

Макфакс

18/06/2025

09:49

5.487

Големина на фонт

а а а

Ако се прашувате зошто со месеци и години има проблеми со собирање на комуналниот отпад низ Скопје, одговорот е поради Јулијана Спировска од ВМРО, која од судот во Република Македонија е осуден криминалец, а во исто време е претседател на Управниот одбор на Комунална хигиена избрана да раководи од ВМРО и Влен, објави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Таа обвини дека Комунална под раководство на Спировска е во тотален хаос. „Со партиски инструираната работа на Јулијана како претседател на УО на Комунална хигиена Скопје документирана во записници со содржина, насоки и заклучоци, претпријатието под нејзино водство е хаос! На госпоѓата која е со правосилна судска пресуда осуден криминалец, работите никако да и тргнат од рака да ги тера по пропис, па за денес во 13 часот закажала тајна затворена седница на управен одбор. Госпоѓо Јулијана, согласно правните акти и член 3 од Деловникот согласно кои ти си должна да работиш, седниците на Управниот одбор на JП КХС се јавни“, напиша Арсовска.

🚨🗑️ Ако се прашувате зошто со месеци и години имате проблеми со собирање на комуналниот отпад низ Скопје, одговорот е...

Posted by Danela Arsovska on Wednesday, June 18, 2025

Таа вели дека на седницата може да присуствуваат претставници на средствата за јавно информирање и да jа известуваат јавноста за работата, што, како што вели, и се надевам дека ќе го направат за да може да видат што си правела 3,5 години, а и за пресудата да можат да те прашаат како осуден криминалец уште има образ да носи јавна функција.

Според Арсовска, Спировска, директно го крши член 13 со тоа што Предлогот на дневниот ред треба да го утврди во соработка со директорот на JП КХС, а не сама, како што вели Арсовска, по насоки од штаб.

„Директно го кршиш член 14 со тоа што материјалот со поканата за седницата на Управниот одбор не ги доставуваш на Директорот, Заменикот и раководните работници со посебни овластувана и одговорности, зошто сакаш во јавно претпријатие да тераш тајни седници за да го доупропастиш претпријатието со кое управуваш. Не биди ѓубре, не биди криминалец, не биди Јулијана“, напиша Арсовска.