Француски сопственици на возила „Tesla“ поднесоа тужба против Илон Маск и побараа раскинување на договорите за купување возила.
Група купувачи на електрични автомобили од брендот „Tesla“ во Франција поднеле тужба против компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, наведувајќи дека марката сега има „екстремистички имиџ“.
„Поради однесувањето на Маск, автомобилите на Тесла станаа силен политички симбол и сè повеќе се идентификуваат со крајната десница“, изјавија адвокатите Патрик Клугман и Ајван Терел во Париз, во средата.
Според нив, ваквиот развој особено ги погодил купувачите кои земале електрични автомобили преку лизинг – луѓе што сакале да возат иновативни и еколошки прифатливи возила, пишува "Revijahak".
Политичките изјави на Маск, додаваат тие, го нарушиле имиџот на брендот, поради што групата купувачи поднела тужба до Трговскиот суд во Париз и побарала раскинување на лизинг-договорите.
Извршниот директор на „Tesla“, Илон Маск, на крајот од мај најави дека ќе го намали својот советодавен ангажман во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, со цел повеќе да се посвети на водењето на компанијата.
Но неговото политичко ангажирање предизвикало остри реакции. Во Европа, особено во Германија, Маск наиде на бројни критики поради својата отворена поддршка за крајнодесничарски политички опции.
По конфликтот со американскиот претседател, Маск на крај сепак признал дека „можеби претерал“.
Времињата во кои живееме, очигледно, ги бришат границите меѓу технологијата и политиката …