[ФОТО] Се појавила во неверојатен фустан и времето запрело: Меланија одлучила да биде запаметена како најдобро облечена жена на светот

Точка

13/06/2025

21:33

3.867

Големина на фонт

а а а

Првата дама уживала во вечерта со својот сопруг Доналд Трамп во Центар за сценска уметност „Џон Ф. Кенеди“ во Вашингтон.

Претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп ја напуштиле Белата куќа држејќи се за раце за да присуствуваат на премиерата на мјузиклот „Клетници“ во центарот во Вашингтон.


Излегувањето на американскиот претседател и првата дама на Америка кое се одржало во вторникот на 11 јуни, го одбележал еден од првите заеднички настани во последно време.

Судејќи по нивните насмевки јасно било дека се среќни и задоволни.


Меланија ги воодушевила присутните во класичниот црн фустан со интересни детали. Драпираниот фустан на „Bottega Veneta“ имал спектакуларно копче во пределот на струкот, истакнувајќи ја нејзината силуета на вистинските места, а токму тој детаљ го прави овој фустан идеален за дамите со било каква градба на тело.

Покрај тоа, првата дама носела и сребрени високи потпетици, а својата прекрасна коса ја стилизирала брановидно. Нејзината шминка била суптилна, со нејзините препознатливо нагласени очи и усни.


Додека Меланија блескала, Доналд Трамп носел елегантен смокинг, но со една мала грешка. Имено, по правилата на класичното облекување смокинг, манжетните треба да се гледаат од ракавот на сакото околу 2-5 сантиметри, а претседателот не го испочитувал тоа, па се нашол на мета на критики од страна на модните експерти.

Нивното држење за рака и самоуверената насмевка на Меланија оставале впечаток на еден цврст пар.