Иако не се појавува во јавноста со него, сопругата на Хју Лори е негова најголема поддршка подолго од три децении, а за тоа време тие имале неколку кризи во бракот.
Британскиот актер Хју Лори зад себе има повеќедецениска кариера, но на пошироката публика и е најпознат по улогата на д-р Грегори Хаус во серијата „Хаус“, за која добил и низа признанија, вклучувајќи и „Златен глобус“.
Шармантниот комичар и актер е познат по својот хумор, но и по тоа што не спаѓа во типичните ѕвезди, па така за неговиот приватен живот нема да читате во таблоидите.
Далеку од камерите, тој води мирен, семеен живот, а во среќен брак е веќе 36 години.
Брак којшто трае повеќе од три децении
Џо Грин, театарска менаџерка, ја запознал во далечните 80-ти години, а се венчале на 16 јуни 1989 година кога кумот, сер Стивен Фрај, популарен актер и долгогодишен партнер на Хју, ги венчал.
Во меѓувреме, Џо и Лори добиле три деца: Чарли, Бил и Ребека.
Како што во една прилика признал, тој кога ја снимал серијата „Хаус“ поминувал по девет месеци годишно во Америка, што неговиот брак го ставил на тест.
Неговото семејство го продолжило животот во Лондон, затоа што не сакале децата да ја менуваат средината, па поминувале многу време одвоено.
„Не би рекол дека серијата го олесни мојот брак“, истакнал во едно интервју актерот.
Продолжиле понатаму после аферата
Хју Лори на почеток на 2000 отворено зборувал за својата борба против депресија и како таа влијаела на неговиот брак со Џо.
Медиумите пред неколку години пишуваа дека токму депресијата придонела за неговата „кратка вонбрачна афера“ со една режисерка, а се шпекулирало дека имал врска и со актерката Лиса Еделстин.
Тој не сакал јасно да говори за тоа и да ги потврди гласините, но искоментирал: „Можно е тоа да било поврзано. Но, не се сеќавам“.
Кога новинарите го прашале како тој и Џо успеале да продолжат понатаму после кризата, тој истакнал:
„Тоа е прекрасно, имав многу среќа. Сега сум посреќен и подобро ги прифаќам работите“.
Поради тоа што Лори не зборува многу за приватниот живот, не се познати повеќе детали, но тоа што е сигурно е тоа што парот ужива заедно, а последен пат биле забележани минатата година во текот на одморот во Марбеља.