[ВИДЕО] Брз тест со палец којшто може да открие дали имате смртоносна болест – доктор покажува како да го направите тоа

Точка

11/06/2025

10:10

2.179

Големина на фонт

а а а

Доктор од брза помош покажал едноставен тест којшто трае една минута, а којшто би можел да открие потенцијално смртоносно заболување на срцето – вистинска „темпирана бомба“ во организмот.

Доктор Џо Витингтон, експерт за ургентна медицина од Калифорнија, објаснил дека оваа метода која вклучува истегнување на палецот над рачниот зглоб може да укаже на висок ризик од аневризма на аортата.

Аневризмата подразбира ширење или отекување на главната артерија која од срцето ја носи крвта во остатокот од телото, при што постои ризик од пукање на крвните садови.


Пукање на аортата често е фатално поради сериозно внатрешно крвавење, освен доколку не се регулира со итна операција.

Во видеото на ТикТок кое досега е прегледано над 230.000 пати, докторот изјавил:

„Подигнете ја дланката и обидете се да го истегнете палецот. Дали некаде ви запира? Или преминува преку дланката вака? Доколку преминува, тоа е позитивен тест“.

„Доколку палецот го преминува работ на дланката, тоа може да значи дека сврзните ткива се многу растегливи“, изјавил докторот, што може да укажува дека ткивата и артериите се растегливи, што го зголемува ризикот од отекување или пукање.

Потоа ја спомнал студијата од 2021 година, објавена во научното списание „American Journal of Cardiology“ која покажала дека 60 отсто од луѓето имале позитивен тест.

Истражувачите тестирале 305 пациенти кои биле подлегнати на операција на срцето поради разни нарушувања, вклучувајќи и аневризма на аортата.

Но, сепак оние кои имаат позитивен тест со палецот не треба да паничат, вели д-р Витингтон.

Тоа не значи автоматски дека некој има аневризма туку тоа е совет лицето да оди на доктор за да се види каква е неговата состојба.