Мора да плати казни од 28.000 евра : Половина година не ја забележал камерата…

Точка

09/06/2025

19:41

2.249

Големина на фонт

а а а

Ситуацијата кулминираше кога од локалните власти доби единствен документ со список на сите прекршоци и износи кои ги должи.

Четириесетгодишниот Андреа Ферето од Ница Монферато останал во шок кога дознал дека за само шест месеци возење до работа и назад му се наталожиле казни во вкупен износ од 28.000 евра. Секојдневно патувал до Тортоне, каде работел како обезбедување во супермаркет, а сите казни ги забележала една иста камера за надзор на брзина поставена во Бацани ди Монбаруцо, пишува италијанскиот "Il Nazionale".

„Шест месеци, секој ден, поминував по истата рута – наутро кон работа, навечер назад. Камерата се наоѓа на свиок и е скриена зад висока жива ограда, речиси невидлива – изјави Ферето за весникот, повикувајќи се на пресуда од судот според која камерите за надзор мора да бидат јасно означени и однапред видливи за возачите, во согласност со законот.


Ферето ги оспорува казните од два причини: камерата немала службено одобрение од 2021 година и била поставена на непрописен начин – скриена зад густа вегетација, во близина на улично осветлување и на дел од патот со лоша прегледност. Тој е убеден дека не се работи за зголемување на безбедноста, туку за начин на прибирање приходи.

„Сфаќам дека можеби би можел да добијам неколку казни, три или четири, но да се каже дека сум казнет сто пати во шест месеци – тоа не е нормалн“, изјави за "Il Nazionale".

Ситуацијата станала сериозна кога од општинските власти добил обемен документ со детален преглед на сите прекршоци и износите што ги должи.

„Бев шокиран. Ја повикав полицијата мислејќи дека станува збор за грешка во системот, но ми рекоа дека сè е точно и дека навистина имам сто казни“, рече тој.


Побарал помош од адвокат, но се покажало дека законскиот рок за жалба истекол и дека казните не содржат формални неправилности. Со тоа му било потврдено дека долгот мора да го плати, и покрај тоа што неговата финансиска состојба е многу тешка.

„Моите месечни примања се 1100 евра, а минатиот петок добив известување за административно одземање на автомобилот и скутерот“, изјави Ферето.

И покрај сè, не се откажува. Испратил официјално барање за отстранување на спорната камера и нејзино преместување на појасно видливо место, со порака:

„Сакам да се подигне свеста. Не сакам некому друг да му се случи истото што ми се случи мене.“