Samsung во партнерство со Џејми Оливер креира нова колекција рецепти за Bespoke AI уредите

Точка

09/06/2025

11:58

100

Големина на фонт

а а а

Џејми Оливер изработи колекција уникатни рецепти кои овозможуваат лесна подготовка на вкусни и хранливи оброци со помош на паметните рерни и фрижидери на Samsung, потпомогнати од AI технологија.

Samsung Electronics Co., Ltd. денеска објави партнерство со славниот готвач, сопственик на ресторани и автор на готвачки книги Џејми Оливер, кое ќе донесе ексклузивна нова колекција на едноставни, лесни за подготовка и семејно-пријателски рецепти на уредите Samsung Bespoke AI appliances и паметните уреди на компанијата.

Животната мисија на Џејми да инспирира што повеќе луѓе да готват заедно со неговата страст за поедноставување на домашниот живот преку нови технологии, беа инспирација за оваа нова колекција рецепти. Бидејќи многумина немаат доволно време, самодоверба или знаење за готвење, подготовката на оброци често знае да биде обврска. Токму затоа, Samsung заедно со Џејми создадоа рецепти кои повторно ќе ја направат кујната радосно место.

Џејми ги дизајнираше новите рецепти имајќи ја предвид AI технологијата на Samsung и нејзиниот потенцијал да го направи животот поумен — од рерни што можат да готват две јадења на различни температури истовремено, до фрижидери што предлагаат рецепти врз основа на состојките кои веќе ги имате дома.

Нови ексклузивни рецепти од Џејми Оливер x Samsung

Новите рецепти вклучуваат класични омилени јадења, како печено пилешко на тава, полнет цел лосос, неодолив леб фокача, како и слатка овошна тарт татен. Секој рецепт е креиран за да овозможи лесна подготовка на квалитетни јадења за луѓе кои имаат динамично секојдневие и немаат време однапред да планираат оброци, но сепак сакаат дома да подготвуваат хранливи јадења за семејството и пријателите.


„Како професионален готвач, секогаш сум имал привилегија да имам време за готвење — и тоа го обожавам. Но, денес сè помалку и помалку готвиме, и постојано барам начини да ги инспирирам луѓето повторно да се заљубат во својата кујна“, вели Џејми Оливер.

„Ако постои нешто што може да го направи домашниот живот полесен — сакам да го знам. Без разлика дали тоа е апликација што ти покажува кои состојки веќе ги имаш додека си во продавница и ти предлага рецепти, или рерна со AI што препознава што готвиш и ќе те извести ако храната почне да загорува. Возбудливо е да се помисли дека луѓето повторно можат да се вљубат во својата кујна и да готват квалитетни јадења, додека добиваат и повеќе време за семејството.“

Едноставно готвење со Bespoke AI

„Готвењето може да биде едно од најзабавните искуства дома, но често се прави набрзина, само за да се донесе оброк на семејната маса“, коментира Бенџамин Браун, Главен маркетинг директор на Samsung Европа.

„AI технологијата во нашите паметни уреди ја враќа забавата во готвењето и го прави помалку одземање време, за да можете да поминувате повеќе време со семејството. Сè е можно со

Bespoke AI од тоа да го следите готвењето преку SmartThings додека удобно седите на софата, до испраќање на рецепт директно од фрижидерот до рерната и автоматско поставување на температурата.“

Организирање и подготовка на повеќе јадења истовремено, на различни температури, и притоа да не загоруваат се вистински предизвици кога се подготвува оброк за семејството.

Кога сте подготвени да ги готвите јадењата на Џејми, Bespoke AI рерните на Samsung и SmartThings Cooking ја прават работата во кујната вистинско уживање.

Апликацијата SmartThings однапред ја загрева рерната на совршената температура според деталите од рецептите на Џејми, бидејќи AI-рерната точно знае која температура е потребна.

Dual Cook рерните на Samsung го прават едноставно готвењето на две јадења истовремено на пример, полнет целиот лосос на Џејми и овошната тарт татен благодарение на горната и долната зона за готвење што функционираат одвоено, во исто време, на различни температури и со различни поставки.

На тој начин можете да ги подготвите и двете јадења во една рерна, без ризик десертот да добие сомнителен „рибен“ мирис.


Максимално искористување на состојките со Bespoke AI

Новите рецепти на Џејми, во комбинација со Bespoke AI фрижидерите на Samsung, помагаат да се решат честите предизвици како што се планирање оброци, купување состојки и следење на свежината на храната.

Технологијата AI Vision Inside користи камера за да препознае до 37 различни свежи намирници, како што се домати, кромид, пиперки, марула, јајца и многу повеќе, веднаш штом ќе се стават во фрижидерот. Потоа креира листа со намирници, која во секое време можете да ја видите преку апликацијата SmartThings или на вградениот екран на фрижидерот. Така, додека пазарувате неделно, лесно можете да проверите што веќе имате дома и што ви недостасува.

Апликацијата SmartThings Food исто така може да ви предложи најдобри рецепти, вклучувајќи ги и новите рецепти на Џејми, според состојките што се веќе во фрижидерот — што го прави планирањето на оброците и користењето на постоечките намирници многу полесно.

Намалување на фрлањето храна

Фрлањето храна претставува значителен проблем низ цела Европа, а следењето на роковите на свежите производи не е секогаш лесно. Секој жител на Европската Унија во просек создава околу 129 килограми отпад од храна, според проценките на Еуростат.

Во исто време, граѓаните се сè поотворени кон намалување на овој проблем — речиси две третини (64%) од потрошувачите низ Европа изјавиле дека би сакале да преземат мерки за да го намалат фрлањето храна.

Комерцијален текст