Британскиот комичар, актер и режисер Рики Џервејс е најновото име што доби своја ѕвезда на прочуената Патека на славните во Холивуд.
Церемонијата се одржа во петокот, а Џервејс, со својот препознатлив саркастичен хумор, изјави дека до успехот дошол благодарение на „среќа, упорност и малку пливање против струјата“.
„Конечно, ѕвезда што ќе упатува саркастичен коментар секојпат кога некој ќе помине… Отсекогаш сум знаела дека ни треба доза комичарски дух на нашата славна плоча“, рече Ана Мартинез, продуцентка на Патеката на славните.
Legend! 🤩 pic.twitter.com/RStOltH6ve
— The Ricky Gervais Clips (@gervaisclips) May 30, 2025
Рики Џервејс е едно од највлијателните имиња во британската комедија. Најголема слава стекна со серијата „Канцеларијата“ (The Office), која не само што го лансираше во светот, туку и доби култен статус и неколку странски адаптации, меѓу кои и американската верзија со Стив Карел.
Пред да се насочи кон телевизијата, Џервејс студирал филозофија на Универзитетскиот колеџ Лондон и кратко време бил дел од музичката сцена со синт-поп дуото „Сеона денсинг“. Во 1990-тите работел како радио-презентер на радиостаницата Икс-еф-ем, каде што го запознал Стивен Мерчант, со кого подоцна ќе соработува на повеќе проекти.
“It's better to create something that others criticise than to create nothing and criticise others.”
— After Life 🐕🦺 (@truebritgbr) May 30, 2025
Congratulations @rickygervais and may the creativity long continue! ⭐️ pic.twitter.com/FOO1eiZLBl
Покрај „Канцеларијата“, Џервејс е соавтор и главен актер во сериите „Екстра“ (Extras), „Дерек“ (Derek) и „По животот“ (After Life), а има и неколку филмски режии и улоги зад себе, како во „Изумот на лагата“ (The Invention of Lying) и „Специјални дописници“ (Special Correspondents).
Will forever be a comedy legend! ⭐️
— The Ricky Gervais Clips (@gervaisclips) May 30, 2025
Congratulations @rickygervais. pic.twitter.com/tkQ0tNDxUx
Наградуван е со седум награди БАФТА, четири Златни глобуси и две награди Еми, а познат е и по својот остар и често контроверзен хумор, особено кога е водител на церемонии како Златниот глобус.
Во приватниот живот, Џервејс од 1982 година е во врска со писателката Џејн Фалон. Живеат меѓу Лондон и Њујорк, одлучиле да не стапат во брак и немаат деца. Џервејс е гласен поддржувач на правата на животните и отворено говори за својот атеизам.