Сара Џесика Паркер открила дека сакала да ја напушти култната серија која ја вивнала во ѕвездите: „Го молев агентот да ме извлече од тоа“

Точка

31/05/2025

14:00

636

Големина на фонт

а а а

Иако улогата на Кери Бредшо ѝ донесе голема слава, Сара Џесика Паркер открила дека за малку ќе се откажела од серијата „Сексот и градот“.

Како што пишува „Deadline“, актерката во текот на гостувањето на поткастот „Are You a Charlotte“ којшто го води нејзината колешка од сет Кристин Дејвис, изјавила дека по снимањето на пилот епизодата во 1997 година, го замолила агентот да ја извлече од проектот.

„Откако серијата беше одобрена, доживеав паника. Мислев дека не можам да глумам во телевизиска серија. Не бев сигурна дали ми одговара таквиот живот“, се присетила Паркер.


Иако снимањето на првата епизода за неа било прекрасно искуство, поврзаноста за толку долготраен проект се чинела застрашувачка.

„Бев среќна што можев да учествувам во телевизиски серии кои имаа пократок век на траење, можеби една или две сезони. Би запознала прекрасни луѓе, би работела со одлични актери и режисери, но потоа би морала да се посветам на нови проекти“.

Сакала да се посвети на работата во театар и на филмови

Паркер имала искуство на работата на телевизија, но преферирала помали улоги кои ѝ давале доволно време да работи и во театар.


„Сакав да бидам во движење. Тоа ми беше најважно“, објаснила актерката.

Меѓутоа, кога сфатила дека серијата како „Сексот и градот“ би можела да ги ограничи нејзините можности, Паркер се почувствувала лошо.

„Се чувствував како некој да ме гуши. Тоа беше чудно искуство“, признала таа.

Во очај го контактирала својот агент со молба да ја ослободи од договорот, па дури понудила снимање на неколку филмови за телевизиската куќа како алтернатива. Меѓутоа, нејзиниот агент рекол: „Сними ја првата сезона, па ако не ти се допадне, престануваме“.


Сѐ се сменило откако ја запознала легендарната костимографка Патриша Филд. Одеднаш чувството на притисок се претворило во свет на бесконечни можности. Паркер одлучила да остане во серијата до крај.