Хрватските медиуми најавија дека Стефан Ристовски во неделата го одигра последниот натпревар за Динамо во својата кариера, па иако самиот фудбалер се уште не ја потврди разделбата со клубот, такво нешто соопшти соиграчот кој со години беше блиску до македонскиот десен бек.
Јосип Мишиќ сподели емотивна објава на социјалните мрежи и се поздрави со својот сакан Риле, кој и дефинитивно не останува дел од Динамо во ситуација кога му истекува договорот, а клубот не планира да му понуди нов.
Играчот за врска ја делеше соблекувалната со Ристовски и во Ријека и во Спортинг Лисабон, па токму поради тоа објавата предизвика и уште поголемо внимание.
– Брате, 216 натпревари заедно на теренот! Толку пати истрчавме заедно на теренот, паѓавме, станувавме и се боревме. Повеќе од број, тоа се години на доверба, пријателство и крв оставена на терен. Ти благодарам за секое додавање, за секој совет, за секоја насмевка во соблекувалната. Сигурно ќе се видиме повторно, можеби не на ист терен, но секогаш на иста страна.
– Три клуба, безброј спомени. Тешко ми да опишам со зборови колку ми значиш како соиграч, но уште повеќе како човек. Низ сите овие години, со сите дресови кои заедно ги носевме, покажа што значи посветеност, срце и братство. Ти благодарам за секој момент, од првото додавање до последната борба рамо до рамо. Си заминуваш, но трагата која ја оставаш вечно ќе живее, – порача Мишиќ.