Хакими со посебен комплимент за Луис Енрике во пресрет на финалето на ЛШ

Дерби

30/05/2025

13:49

473

Големина на фонт

а а а

ПСЖ ги финишира подготовките за утрешното финале во Лигата на шампионите, а Ашраф Хакими е еден од најважните играчи во францускиот состав, кој ќе се соочи со неговиот поранешен тим Интер.

Мароканецот како поранешен член на италијанскиот тим сега ќе се обиде да го остави Интер без нова европска титула, а во својата изјава изразил посебна благодарност за тренерот Луис Енрике.

– Интер секогаш ќе биде во моето срце, но сега сум во ПСЖ и ќе направам се за да го победиме противникот.

– Ова е посебно финале за мене, посебно што доживеав одлични моменти во Милано и таму стекнав многу пријатели, – рекол Хакими, кој го истакнал напредокот во Париз.

– Луис Енрике ми овозможи да стигнам до фудбалско ниво за кое не очекував дека можам да го постигнам и тоа посебно ми помогна, – рекол Хакими.