Фиорентина се раздели со тренерот Паладино

Макфакс

30/05/2025

14:22

367

Големина на фонт

а а а

Фудбалскиот клуб Фиорентина објави кратко соопштение на својата официјална веб-страница во кое наведува дека договорот, кој беше потпишан пред само неколку дена со шефот на стручниот штаб Рафаеле Паладино и неговиот тренерски штаб, е раскинат.

Клубот во соопштението не ја открива причината за разделбата на двете страни, оставајќи многу простор за шпекулации.

Веста дека Паладино заминува во среда прв ја објави познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио, што ја шокираше локалната јавност со оглед на тоа што тренерот потпиша нов двегодишен договор само неколку дена претходно.

Наводно, самиот тренер поднел оставка, но не затоа што има понуда од друг клуб, туку очигледно поради некои несогласувања со раководството на Фиорентина.

Под водство на Паладино, Фиорентина ја заврши сезоната во Серија А на шестото место.

Останува да се види кого клубот од Фиренца ќе доведе на тренерската клупа и која беше причината за заминувањето на Паладино.