Нов преоден рок, нова статија во италијанските медиуми за потенцијалната соработка помеѓу Ненад Димитријевиќ и кошаркарскиот клуб Партизан.
Минатото лето се зборуваше дека плејмејкерот на македонскиот национален тим и Олимпија Милано би можел да се приклучи на клубот од Хумска, но тоа не се случи.
„Спортандо“, пишува дека се очекува Димитријевиќ да ја напушти Ломбардија по сезоната во која запиша 7,6 поени и 2,9 асистенции во Евролигата за Олимпија. Треба да се нагласи и дека „ено има договор со Олимпија до летото 2026 година.
Дополнителна помпезност во врска со евентуалното доаѓање на Димитријевиќ во Партизан дава фактот што одличниот плејмејкер изјави дека во младоста „навивал за Партизан“…
Инаку за новата сезона, Партизан ќе ги има сите играчи од сегашниот тим под договор, со исклучок на Балша Копривица, чиј договор истекува на крајот од сезоната.