Реал Мадрид ги израдува фановите: Александер-Арнолд ќе игра на клупскиот мундијал

Дерби

30/05/2025

13:27

335

Големина на фонт

а а а

Трент Александер-Арнолд ја заврши соработката со Ливерпул заклучно со веќе финишираната сезона, а од денеска и официјално е потврден како нов член на Реал Мадрид.

Иако беше јасно дека англискиот репрезентативец ќе се пресели во редовите на шпанскиот великан, дури денеска Реал со официјално соопштение се пофали со засилувањето на позицијата десен бек.

Она што е посебно важно во објавената информација е дека Александер-Арнолд ќе стане член на Реал веќе од 1. јуни и со тоа ќе биде достапен за настап на Светското клупско првенство.

Реал правеше напори за вакво сценарио бидејќи договорот на Трент со Ливерпул важеше до 30. јуни, а во овој случај новиот тренер Чаби Алонсо ќе има дополнителен важен играч во составот.

Дури и во само соопштение, Реал во последната реченица го потенцира фактот дека англискиот интернационалец ќе игра на клупскиот мундијал кој започнува на 14. јуни.