[ФОТО] Додека цел свет зборува за нејзината шлаканица, таа изгледа поубаво од кога и да е – 2 моќни изданија на Брижит Макрон со кои ја освои Азија

Точка

27/05/2025

14:00

1.405

Големина на фонт

а а а

Од вчера сите зборуваат за тоа како првата дама на Франција му удрила шлаканица на својот сопруг, а таа за тоа време ни приреди вистински модни лекции.

Брижит и Емануел Макрон вчера привлекоа големо внимание во јавноста, откако се појави видеото кое го обиколи светот.

При слетувањето на претседателскиот авион во Виетнам, Брижит Макрон наводно му удрила шлаканица на претседателот на Франција.

По многу шпекулации за автентичноста на видеото, се огласила и Елисејската палата и прво изјавила дека видеото не е автентично, а потоа дека станува збор за „банална расправија“ меѓу сопружниците.


И самиот француски претседател се огласил и кажал дека станувало збор за шега:

„Навистина се шегувавме, ништо повеќе од тоа. Луѓето претеруваат, одеднаш тоа стана геополитичка катастрофа“, изјавил Макрон низ насмевка.

Како и да е, наредниве денови ќе дознаеме што навистина се случило, но едно е сигурно дека таа ситуација не застанала на патот тие да си ги остварат своите должности во текот на посетата на Виетнам.

Така сопругата на Емануел Макрон уште еднаш одржа модна лекција и воодушеви со својот моден избор.

Таа се појавила во едноставен и еднобоен ролка-фустан којшто воодушевил.

Брижит е позната по своите едноставни, безвременски модни парчиња, како што се еднобојните фустани, совршено скроените сакоа, капути и тесни панталони, но овојпат ни приреди еден ултимативен „chic“ стајлинг.


Исклучително софистицираното модно издание на првата дама на Франција како и секогаш воодушевило и покажало зошто токму таа е икона на стилот.

Миди фустанот ѝ ласкал на нејзината фигура, а дополнително го нагласила струкот со ременот во иста нијанса на боја.

Со овој елегантен фустан Брижит носела високи потпетици, а целиот стајлинг го заокружила со ефектна чанта.

Другиот стајлинг којшто го приредила Брижит и којшто бил исто брилијантен сведочел за деловна елеганција.

Овојпат сопругата на францускиот претседател одлучила да носи беж костим со ситни пруги.


Струкираното долго сако ја истакнало нејзината линија и совршено ѝ стоело во комбинација со тесните панталони со рамен крој.

Целокупниот стајлинг Брижит го искомбинирала со бела кошула, високи потпетици и беж чанта.


Ви се допаѓаат ли овие модни изданија на Брижит Макрон?