Сакате да ја подобрите крвната слика? Почнете почесто да ги пиете овие природни сокови

Точка

28/05/2025

16:05

546

Големина на фонт

а а а

Со вклучувањето на овие природни сокови во секојдневната рутина, не само што може да ја зајакнете крвната слика туку ќе постигнете и општа виталност, подобрување на циркулацијата и поддржување на здравјето на цело тело.

Нашата општа здравствена состојба и нивото на енергија тесно се поврзани со здравјето на крвта. Крвната слика која ги опфаќа бројот на црвени крвни зрнца, ниво на хемоглобин и други важни показатели, може да открие многу за тоа како функционира нашиот организам.

1. Сок од цвекло – за јакнење на крвта и подобра циркулација

Цвеклото е познато како вистински еликсир за крвта. Богато е со железо, витамин Ц и фолна киселина, состојки кои се клучни за создавање на црвените крвни зрнца и зголемување на хемоглобинот. Редовното пиење на овој сок може да помогне во превенција при анемија, додека присутните нитрати поттикнуваат подобар проток на крв и намалување на крвниот притисок, што позитивно влијаат на здравјето на крвните садови.


2. Сок од аронија – заштитник на хемоглобинот и крвните садови

Аронијата е овошје исклучително богато со антиоксиданти, железо и витамин Ц. Способноста на аронијата е да го зголеми нивото на хемоглобин и да го подобри искористувањето на железото од храната.

3. Сок од портокали – поддршка при апсорпција на железо

Иако портокалот не е богат со железо, големото присуство на витамин Ц го прави исклучително корисен. Витаминот Ц ја зголемува апсорпцијата на железо од растителните извори, па сокот од портокал се препорачува како одличен додаток при оброци. Цитрусните сокови, како лимон, грејпфрут и мандарина дополнително поволно делуваат благодарение на флавоноидите со противвоспалителни својства.

4. Сок од шипка – природен сојузник против анемија

Шипката содржи изобилство на витамин Ц, железо, калиум и флавоноиди, што ја прават исклучително корисна за здравјето на крвта. Редовното консумирање на овој сок го поттикнува создавањето на црвените крвни зрнца, подобрување на циркулацијата и намалување на оксидативниот стрес.


5. Сок од кељ – секојдневна доза на хранливи состојки

Кељот е вистинска скапоценост меѓу зеленчукот – содржи железо, витамин К, витамини Б и калциум. Сокот од кељ помага во создавањето на црвени крвни зрнца, го чува срцето и крвните садови. Поради нутритивната густина, се препорачува во помали количини, но да се консумира редовно.