[ВИДЕО] Вака изгледа луксузниот дом на Лука Модриќ вреден 12 милиони евра – 2.700 метри квадратни, базен, кино, гаража за 10 автомобили...

Точка

27/05/2025

22:39

5.365

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ (39), капитенот на Реал Мадрид и хрватската фудбалска репрезентација, го одигра последниот натпревар за „кралскиот клуб“.

Во емотивна објава на социјалната мрежа Инстаграм, се збогувал од Реал Мадрид и искрено му се заблагодарил на клубот, особено на претседателот Флорентино Перез, но и на своите соиграчи, тренери и сите кои му помагале сето ова време.

Лука и неговата сопруга Вања од 2015 година поседуваат луксузна куќа во мадридската населба Ла Моралеја.

Пред тоа со години живееле во изнајмен дом, во којшто пред нив престојувал францускиот фудбалер Николас Анелка додека играл за Реал Мадрид.

Куќата, според пишувањето на шпанските медиуми, во 2019 година вредела 12 милиони евра. Освен неа, Модриќ има и пентхаус во Загреб.

Станува збор за популарен кварт меѓу играчите на Реал Мадрид, како што се Чичарито, Марсел и Бензема.


Земјиштето на кое се наоѓа куќата во која живеел Модриќ се протега на 10.000 метри квадратни. Куќата има 2.700 метри квадратни, а во неа има девет спални соби и девет бањи. На приземје се сместени кујната, тоалетот, шест спални соби и пространа дневна соба.

На вториот кат сместен е просторот за гости, со поглед кон градината, а таму има и домашно кино со вкупно 18 седишта.

Куќата исто така има и стаклен вински подрум и детска соба со големина од 80 метри квадратни, опремена со лулашки, телевизор и ѕид за слободно качување.


Вилата содржи и надворешен базен, игралиште, прекрасна градина, гаража за десет автомобили и теретана.

Модриќ во неколку наврати објавувал фотографии од вилата. Во една прилика тој и неговото семејство објавиле фотографија покрај новогодишната елка поставена пред стаклениот ѕид од кој се гледа прекрасната градина.


„Вистинска магија е овој Божиќ да бидете со оние кои ги сакате“, напишал тој.