Нејзината појава никогаш не поминува незабележана, а модните избори кои ги прави често ги диктираат трендовите и ги поместуваат границите.
Џенифер Лопез со децении е синоним за гламур, смелост и беспрекорен стил, без оглед на тоа дали се наоѓа на сцена, црвен тепих или во секојдневниот живот.
Позната е по нејзиното тело кое им пркоси на годините, но и по храброста да носи модни парчиња кои ретко која жена би ги носела. Таа годинава заблескала на „American Music Awards“ во „Press Room“ сегментот.
Таа покажала зошто и натаму е една од најфотографираните жени на светот. Носела фустан којшто бил вистински спектакл и тема број еден во модните кругови.
Станува збор за драматичен „гол“ фустан во „nude“ нијанса на боја и којшто создава илузија на гола силуета, додека во реалноста е маестрално скроен од прекрасен материјал. Предниот дел од фустанот открива сѐ – и тоа на начин којшто балансира меѓу работ на провокацијата и софистицираноста.
Деколтето е екстремно длабоко, а тенкиот материјал е поврзан со со впечатливи, метални, златни алки кои формира кругови низ средишната линија од телото, од градниот кош, преку стомакот, до папокот.
Фустанот е целосно отворен од страната, оставајќи ги колковите откриени, додека ткаенината во долниот дел се шири.
Од задната страна фустанот делува речиси еднакво драматично, грбот е целосно гол.
Ткаенината слободно паѓа од струкот надолу, со што дополнително се истакнуваат нејзиниот обликуван струк и беспрекорна фигура.
Џенифер ова моќно издание го искомбинирала со златни, високи потпетици кои дополнително ја издолжиле нејзината фигура и на стајлингот му дале ретро-глам нота. Косата ѝ била рамно стилизирана, а шминката во неутрални тонови.
Дали ви се допаѓа оваа модна комбинација на Џенифер Лопез?