Секој кој планира летување во Грција задолжително треба да се придржува до овие правила. Многумина едвај го чекаат годишниот одмор за да се упатат кон омилените дестинации во Грција.
Без оглед на тоа дали летово ќе одите првпат или Грција ја познавате добро, важно е да ги почитувате овие 10 правила за одморот да ви биде многу подобар.
Ова се 10 големи „НЕ“ кои може да направат летувањето да ви остане во најдобро сеќавање:
1. Не влегувајте во море доколку се истакнати црвени знаменца.
2. Не паркирајте на забранети места – ќе останете без таблички и дозвола.
3. Не заборавајте да внимавате на чантите и парите на терминалите каде поминуваат автобуси за Грција.
4. Не верувајте им слепо на огласите на социјалните мрежи.
5. Не оставајте ништо вредно, но ни помалку вредно во колите доколку ги напуштате.
6. Не одете во маркет директно од граница, со автомобилот во којшто ви се куферите и останатите работи.
7. Не пуштајте го детето да оди голо на плажа.
8. Не носете бурми на плажа.
9. Не заборавајте на секој граничен премин да проверите дали ви се вратени сите пасоши и дали се ваши.
10. Не возете пребрзо, казните се големи, а животот нема цена.