Европскиот народ кој ќе ви каже сè в лице: Нивната искреност ги шокира туристите

Точка

28/05/2025

21:09

1.576

Големина на фонт

а а а

Искреноста е толку длабоко вкоренета во холандското општество што постои и посебен збор за неа: „bespreekbaarheid“, што може да се преведе како способност да се зборува за сè, а идејата зад тоа е дека за сè може и треба отворено да се дискутира.

„Живеев во Амстердам само една година кога се сретнавме со пријателите на мојот сопруг во едно од многуте кафулиња и барови во познатиот Вонделпарк во градот. Ги одбравме нашите места и чекавме, но немаше келнер на повидок. Кога конечно се појави - не нè праша: „Што би сакале да нарачате?“ или „Може ли да ви донесам нешто?“. Наместо тоа, рече: „Што сакате?“ Можеби фактот дека тоа го изговори на англиски имаше ефект, или можеби имал лош ден, но сепак бев шокирана. Мојата профсорка по холандски подоцна ми објасни дека Холанѓаните се многу директни – и никаде не се толку директно како во Амстердам“, откри Олга Мекинг за Би-би-си, додавајќи:


„Бен Коутс, авторот на „Зошто Холанѓаните се поинакви“, се преселил во Холандија од Велика Британија. Тој се потсетил на слични искуства, како на пример кога се потстрижил, а еден пријател веднаш му рекол дека новата фризура воопшто не му прилега. Со текот на времето, Бен научил дека Холанѓаните не глумат. Дури и во деловниот свет, ако кажете нешто бесмислено, тие нема да ве поштедат ниту ќе премолчат“.


Шок за Британците

„Во Британија, луѓето обично комуницираат и се однесуваат на начин што не ги вознемирува другите. Тие не зборуваат премногу гласно во воз, ниту пуштаат гласна музика во својот стан, но во Холандија постои непишано правило дека луѓето имаат право да кажат сè што сакаат и да бидат директни, а доколку некој се навреди поради тоа – тоа не е нивен проблем“, објаснил Коутс.


„Многу странци го сметаат таквото однесување за нељубезно, па дури и арогантно. Во една прилика, кога бев во продавница се шокирав откако намирниците ми паднаа од рацете на подот. За неколку секунди, најмалку десет Холанѓани ме окружија – сите ми даваа совети што да правам, но никој не ми помогна. За мене, ситуацијата беше јасна – ми требаше помош. Но, Холанѓаните тоа го гледаа поинаку: штом директно не сум побарала помош, тогаш истата веројатно не ми требала“, објасни Олга.


Прозорци без завеси

Концептот на приватност е сосема поразличен од многу други земји, а Холанѓаните немаат проблем јавно да дискутираат за интимни теми. Тие без проблем разговараат за своите здравствени проблеми, развод или љубовен живот во преполн ресторан или кафуле, и не гледаат причина зошто да кријат такви работи.

Директноста и транспарентноста се прифатени во Холандија, а за тоа колку луѓето се отворени зборува и фактот дека немаат завеси на прозорците, па секој може да ѕирне во нивните куќи и станови.


Се чини дека во Холандија ниедна тема не е забранета – дрогата, проституцијата и евтаназијата се дискутираат јавно, но сепак има работи за кои не се зборува толку често. Имено ретко ќе ги чуете Холанѓаните да зборуваат за плати, пензии, големината на нивниот автомобил или стан. Другите нации често се жалат дека на Холанѓаните им недостасува емпатија. Дали е ова вистина или не е, останува познато – но јасно е дека во Холандија вистината преовладува над чувствата.