Видео кое ја обиколи планетата – вака изгледа кога ќе ве проголта ајкула: „Тие се само љубопитни...“

Точка

27/05/2025

10:17

1.629

Големина на фонт

а а а

Филмскиот создавач и борец за зачувување на природата, Николас Зимерман, попознат како Zimy Da Kid, снимал подводен документарец на Малдиви во април, кога тигреста ајкула која кружела околу него ја голтнала неговата камера.

Опремата го преживеала нападот откако ајкулата ја пуштила камерата од својата уста, давајќи фасцинантен увид во нејзината вилица и грло.

Видеото ја прикажува устата на ајкулата додека гризе, со острите заби како жилет и затвореното грло.

Говорејќи за оваа средба, 29-годишниот снимател рекол:

„Ја поставив камерата на тег, ја ставив на песокот и ајкулата стана љубопитна. Виде една прекрасна работа и помисли: Ајде да ја пробам, па ја гризна камерата“.

Видеото е направено во водите јужно од Малдивите каде постои голема популација на тигрести ајкули, пренесува „Independent“.

Николас вели дека сака да ја промени негативната перцепција за ајкулите која постои често во популарната култура.

„Кога ајкулите ќе ги загризат луѓето, тоа не е зошто сакаат да ги изедат туку затоа што нѐ гледаат и се љубопитни, па само загризуваат“, изјавил тој, па додал: „Но, вообичаено никогаш не ја јадат личноста затоа што им се допаѓа“.

Снимателот се надева дека неговиот морски документарец ќе ги поттикне луѓето да ја заштитат планетата и нејзините природни богатства.


„Мојата цел е луѓето да ги засакаат ајкулите низ прекрасните фотографии“, рекол тој, па додал:

„Почнав да снимам ајкули затоа што тие исчезнуваат неверојатно брзо, а тоа ќе има многу лоши последици врз океаните. Доколку ајкулите исчезнат, целиот океански екосистем ќе се распадне. Доколку океанот се распадне и ние ќе се распаднеме со него“, заклучил тој.