[ВИДЕО] Синот на Надал во друштво на големата четворка „го украде шоуто“: Сине, ова е Новак

Точка

26/05/2025

18:47

1.596

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се збогува со публиката во Париз, на церемонија одржана вчера во негова чест на крајот од дневната програма на првиот ден од Ролан Гарос, а шоуто го украде неговиот син.

Пред полните трибини на главниот терен, Надал одржа емотивен говор, а публиката го поздрави со голем аплауз, громогласно „Рафа“, но и со солзи радосници.


Целата програма ја следеа неговата сопруга Марија Франциска Перелјо и синот Рафаел Надал Јуниор, како и останатите членови од неговото семејство.


Меѓутоа во еден момент, членовите на семејството му го предадоа Надал Јуниор на познатиот тенисер, за со татко му да го прослави неговиот голем успех во кариерата.


Но, она што привлече големо внимание во јавноста, беше случката надвор од теренот, односно моментот кога Надал реши да го запознае својот син со неговите најголеми ривали, а снимката од средбата стана вирална.

Имено, синот на Рафа им пристапи на тениските легенди Ѓоковиќ, Мареј и Федерер и се поздрави со нив.

Тениските легенди беа воодушевени од спонтаноста и насмевката на Надал Јуниор, и сите му се обратија на англиски и шпански.

Потсетуваме Рафаел Надал Јуниор е роден во октомври 2022 година во Палма де Мајорка, а многумина беа изненадени кога слушнаа дека тој ќе го носи името на татко му.