Анри со критики за Артета и Арсенал: Јунајтед на кој му се смееме освои пет трофеи за пет години

Дерби

28/05/2025

14:13

1.314

Големина на фонт

а а а

Тјери Анри е клупска легенда на Арсенал и неговите коментари за „топчиите“ имаат посебна тежина, па последната изјава на Французинот нема воопшто да му се допадне на Микел Артета.

Арсенал ја заврши сезоната без трофеј и со уште еден неуспешен обид да ја освои Премиер лигата, па Анри јасно потенцирал дека последните три сезони под водство на Артета се неуспешни.

– Не велам дека сум разочаран од Арсенал, но очекувано е луѓето да почнат да прашуваат која е идејата и целта на екипата.

– Знам дека на почетокот е тешко, ти требаат три-четири преодни рокови да го трансформираш тимот според потребите, според тоа потребно е да му се даде време на секој менаџер.

– Но, последните три сезони Арсенал беше во ситуација во која требаше да освои барем еден трофеј и да игра во барем едно финале.

– Како споредба, Манчестер Јунајтед играше во пет финалиња и освои пет трофеи последните пет години, тоа е оној Јунајтед на кој сите му се смеат. Истовремено, Арсенал не успеа да освои ниту еден трофеј последните три сезони.