Таре со прва порака како директор во Милан: Ќе играат само оние кои се гладни за победи

Дерби

28/05/2025

13:58

828

Големина на фонт

а а а

Игли Таре деновиве беше промовиран за нов спортски директор на Милан и ќе се обиде да му помогне на клубот да се врати на врвот не само во Серија А, туку и на европската фудбалска сцена.

Откако успешно ја вршеше функцијата во Лацио, Таре сега доби поголем предизвик, а за клупската телевизија накратко објаснил што се очекува од него, но и што тој ќе очекува од екипата.

– Една работа мора да биде јасна, а тоа е дека е Милан во клуб во кој се бараат резултати веднаш.

– Мене ми е јасно тоа и свесно го прифатив предизвикот, па мора да се погрижиме тоа да се случи со јасни идеи и стратегија.

– Во однос на фудбалерите, сакам да видам играчи кои го потат дресот и кои се гладни за победи и титули. Сакам да го видам „Сан Сиро“ во ситуации во кои фановите експлодираат од радост и ќе се обидам да стигнеме до такво нешто, – изјавил Таре.