[ФОТО/ВИДЕО] Сте слушнале ли за играчките кои го „излудеа“ светот? Луѓето дури и се тепаат за нив, а инфлуенсерките ги обожуваат

Точка

26/05/2025

17:38

795

Големина на фонт

а а а

Кадифените играчки „Labubu“ го „излудеа“ светот. Овие виленици – чудовишта ги креирал дизајнерот Касинг Лунг. Освен што најмалите ги сакаат, тие станаа задолжителен моден додаток за многу инфлуенсерки.

Лунг е роден во Хонгконг, а пораснал во Холандија. Лабубу беше дел од неговите приказни „The Monsters“ (Чудовишта) инспирирани од нордискиот фолклор и митологија, а бил создаден во 2015 година. Во 2019 година, Лунг започнал да соработува со „Pop Mart“, што ја зголеми неговата популарност меѓу колекционерите.


Освен самите Лабубу, и други фигури припаѓаат на „племе“ наречено „The Monsters“ (Чудовишта), вклучувајќи ги ликовите Мококо, Пато, Спуки, Тикоко и Зимомо (водачот на чудовиштата).

Овие играчки се продаваат во кутии за изненадување. Тие го привлекоа вниманието на пошироката јавност во април минатата година, откако Лиса од групата „Blackpink“ закачи една од нив на нејзината чанта.


Оваа пејачка започна нов моден тренд во Тајланд и други делови од Југоисточна и Источна Азија, кој се прошири во Соединетите Американски Држави и остатокот од светот. Најновата колекција беше распродадена за само неколку секунди. Една кутија чини 27,99 долари, а сет од шест играчки чини 167,94 долари.

Во август 2024 година, „Pop Mart“ објави извештај во кој се наведува дека заработиле 6,3 милијарди кинески јуани (приближно 870 милиони долари) во првата половина од годината.

Меѓутоа снимката која кружи на социјалните мрежи прикажува мажи како се тепаат во трговскиот центар Вестфилд во Стратфорд и тоа поради Лабубу. Поради ова, „Pop Mart“ накратко ги повлече овие играчки од своите 16 продавници во Велика Британија, а во јуни повторно ќе бидат пуштени во продажба.

Играчките Лабубу стануваат сè попопуларни и во регионот. Со оглед на тоа што цената воопшто не е ниска, многумина се одлучуваат и за нивната лажна верзија Лафуфу, која е достапна во кинеските продавници.