[ФОТО] Охрид Ултра-Треил 2025: Седмо успешно издание на планинската трка се одржа низ Националниот парк Галичица овој викенд

Точка

26/05/2025

12:36

530

Големина на фонт

а а а

Изминатиот викенд, на 23 и 24 мај 2025, на падините на планината Галичица и во Охрид се одржа седмото издание на планинската ултрамаратонска трка Охрид Ултра-Треил. Настанот годинава вклучи пет трки по планински терени, со стартни позиции од различни делови на Националниот парк Галичица и заеднички финиш на градскиот плоштад во Охрид.

Во трките на 85 км, 45 км, 42 км, 21 км и 10 км учествуваа вкупно 650 натпреварувачи од 42 земји. Тие имаа можност да уживаат во пролетната убавина на националниот парк и охридскиот регион.

Поради неповолната временска прогноза, организаторите активираа резервни патеки, со што најдолгите делници беа скратени од 105 на 85 км и од 65 на 45 км. Останатите трки (42, 21 и 10 км) се одвиваа по предвидените рути.


Охрид Ултра-Треил (85 км скратена рута)

Мажи:

1. Теодорос Зиакас (Грција) – 09:37:09 (првопласиран и рекордер од минатата година)

2. Иван Мукоски (Србија) – 10:30:33

3. Станислав Когут (Полска) – 10:31:36

Жени:

1. Натали Капцалова (Чешка) – 11:28:59

2. Ивана Најдовска (Македонија) – 11:52:00

3. Ивана Ценерич (Србија) – 12:18:58

Галичица Ултра (скратена верзија 45км)

Мажи:

1. Александар Стојкоски (Македонија) – 04:05:27

2. Ангелос Алексиу (Грција) – 04:28:37

3. Антонио Каранфилоски и Златко Карчески (Македонија) – 04:38:15 (делба на третото место)

Жени:

1. Фелине Маистер (Германија) – 04:54:54

2. Вера Урдаревска (Македонија) – 05:06:11

3. Елеонора Димковска (Македонија) – 06:02:28

На трката Самотска Треил Маратон (42 км)

Мажи:

1. Алек Страм (Швајцарија) – 03:35:36

2. Лампрос Факитсас (Грција) – 03:37:11

3. Борче Христов (Македонија) – 03:37:29

Жени:

1. Николета Попович (Србија) – 04:18:25

2. Милуша Бошкович (Црна Гора) – 05:12:31

3. Нејла Ејрисе (Турција) – 04:40:11

На Летница Треил (21 км)

Мажи:

1. Сашо Богојевски (Македонија) – 02:01:01 (нов рекорд)

2. Златко Николов (Македонија) – 02:08:58

3. Петар Трајковски (Македонија) – 02:12:41

Жени:

1. Елена Каранфилоска (Македонија) – 02:13:15 (нов рекорд)

2. Луциа Маистер (Австрија) – 02:21:18

3. Бојана Костадинова (Македонија) – 02:27:36


На Рамне Треил (10 км)

Мажи:

1. Симон Калановски(Македонија) – 00:49:40

2. Тони Цветкоски (Македонија) – 00:50:13

3. Александар Мирчевски (Македонија) – 00:53:48

Жени:

1. Петја Кантарева (Бугарија) – 00:49:40

2. Александра Оровчанец (Македонија) – 00:50:13

3. Јана Баткоска (Македонија) – 01:00:52

Јуниорска категорија (10 км)

Мажи:

1. Илија Јанкуловски (Македонија) – 00:56:32 (нов рекорд)

2. Марко Перунковски (Македонија) – 00:58:36

3. Лео Коулерие (Франција)– 01:00:58

Жени:

1. Сара Секулоска (Македонија) – 01:00:35 (нов рекорд)

2. Илијана Димитровска (Македонија) – 01:08:36

Трката Галичица Ултра оваа година беше и изборно првенство во СкајУлтра дисциплината при скајранинг комисијата и победниците од Македонија во машка и женска конкуренција ќе имаат можност да ја претставуваат нашата држава на понатамошните Европско и Светско првенство во Скајранинг.

Охрид Ултра-Треил е препознатлив мултинационален спортски настан кој веќе седма година се одвива под отворено небо, со учество на тркачи од целиот свет и претставува вистински магнет за спортисти, рекреативци и авантуристи. Организаторите – спортските здруженија Трекс од Скопје и Топ Адвенчрс од Охрид – оваа година дополнително организираа и спортски саем – Експо, кој се одржа на 23 мај во салата Билјанини Извори.

Официјални резултати: https://ohrid.ultratrail.mk/out-2025/dashboard.