Рајт убеден: Арсенал ќе ја освои титулата следната сезона

Дерби

30/05/2025

12:53

184

Големина на фонт

а а а

Арсенал веќе три сезони по ред се обидуваше да стигне до титулата во Премиер лигата, но не успеа да го направи тоа ниту еднаш, а сезонава одамна ја загуби битката со Ливерпул.

Легендарниот Иан Рајт смета дека неговиот поранешен клуб е подготвен да го направи потребниот исчекор, но само ако доведе квалитетни засилувања.

– Мислам дека ќе ја освојат титулата следната сезона, затоа што се многу поблиску до таков успех.

– Сезонава немаа среќа, поради одредени повреди и погрешни одлуки.

– Сепак, за да го остварат ова ќе треба да доведат неколку засилувања за да го надградат квалитетот. Како и да е, јас прогнозирам дека Арсенал конечно ќе стане англиски шампион, – истакнал Рајт.