Новак Ѓоковиќ вчера ја освои јубилејната 100-та титула во кариерата на турнирот во Женева, а покрај сите честитки и пораки за благодарност кои самиот ги споделува на социјалните мрежи, легендарниот Србин најде време да му посвети објава и на Лука Модриќ.
Хрватот вчера го одигра последниот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ и доби свечено испраќање од сите присутни во шпанската престолнина, па во низата објави посветени на фудбалскиот маестро се приклучи и Ноле.
Ѓоковиќ во неколку наврати јавно ја искажувал цела восхит која ја чувствува кон играчот за врска, а сега му посвети и Инстаграм стори.
– Лука легендо, – гласи пораката која ја испрати Ѓоковиќ со споделена објава од официјалниот профил на Реал Мадрид.
Ѓоковиќ вчера во финалето во Женева го победи Хуркач за 100-та титула во кариерата, па сигурно со далеку поголема самодоверба ќе настапи на Ролан Гарос.