[ВИДЕО] Уште еден голем резултат: Илиоски ја одбрани светската кик-бокс титула

Дерби

25/05/2025

10:16

1.384

Големина на фонт

а а а

Бобан Илиоски дојде до уште еден значаен резултат во својата кариера или поточно не го дава тронот и ја одбрани светската кик- бокс титула на ВАКО Про до 88,6 килограми во К1.

Македонскиот ас на борбата во Женева (Швајцарија) издвојува победа над Кадри Мурсели од Франција. Иако Илиоски не беше максимално фит и влечеше повреда, тој ја прифати борбата и го доби Мурсели со што потврди дека е број еден во својата категорија.


Само за потсетување Илиоски минатата година во Скопје стана шампион откако беше поуспешен од Берк Дузенли од Турција.

Овие резултати се само потврда дека Боби чекори по вистинската патека, а во исто време е и порака до конкурентите дека ќе треба добро да се подготват за да го симнат од тронот.