Хакими нема симпатии во финалето: Ќe направам се за да го победам Интер

Дерби

25/05/2025

16:29

280

Големина на фонт

а а а

Ашраф Хакими промени доста важни европски клубови пред да заврши во ПСЖ, а сега ќе ја има првата шанса во кариерата да стане европски шампион.

Десниот бек е клучен играч во системот на Луис Енрике и максимално ужива со шпанскиот стручњак оваа сезона, но судбината посака во големото финале за свој противник да го има поранешниот клуб.

Мароканецот мина една сезона на „Џузепе Меаца“ и ја освои титулата со Интер во Серија А, но сега посочи дека ќе нема никакви симпатии во финалето во кое ќе даде се од себе за историска титула за ПСЖ во Европа.


– Ќе играм против мојот поранешен клуб и тоа е специјален момент за мене. За да биде уште посложено, станува збор за финале во Лига на шампиони.

– Ова е прво големо финале за мене во Европа и ќе биде многу важен момент. Никогаш нема да го заборавам периодот во Интер и освоеното Скудето со нив и среќен сум што стигнаа до тука. Сепак, сега јас сум дел од ПСЖ и ќе дадам се од себе за да ги победам, – изјави Хакими.

ПСЖ вчера ги обедини сите три титули во францускиот фудбал, а следната сабота ќе ја нападне и четвртата која има и најголемо значење.