Алехандро Гарначо со експлозивно интеврју по финалето во Лигата на Европа го привлече вниманието и јасно стави до знаење дека е подготвен за заминување од Манчестер Јунајтед, нешто што очигледно ќе му биде олеснето од страна на Рубен Аморим, но и од клубот.
Девојката на Гарначо на неколку часа пред мечот со Астон Вила најави дека нејзиниот сакан денеска ќе го одигра последниот меч во дресот на Манчестер Јунајтед, но реалноста е дека Аргентинецот нема ниту да добие шанса да се прости од фановите.
🚨 Garnacho’s partner, Eva, on Instagram. #mufc pic.twitter.com/PYMhcQwXYb
— The United Stand (@UnitedStandMUFC) May 25, 2025
Поради своето однесување и недолични коментари, Аморим реши да го казни и целосно да го отстрани Гарначо од комбинација за мечот со Астон Вила, па така тој не е ниту на клупата за резерви.
Како што стојат работите, Гарначо го одигра својот последен натпревар за Јунајтед во средата, а 20-те минути против Тотенхем ќе бидат последни за него во кариерата на театарот на соништата.
Сличен крај во Јунајтед под водство на Аморим имаше и Маркус Рашфорд, па сега само останува отворено прашањето кој клуб ќе реши да го купи Гарначо кој и дефинитивно е префрлен на трансфер листата.