Интересен потег на Белгиецот: Де Брујне пред потпис со великан од Италија

Дерби

25/05/2025

12:02

580

Големина на фонт

а а а

Кевин Де Брујне си заминува од Манчестер Сити и како слободен фудбалер ќе може да ја избере новата фудбалска средина.

Иако доста често се зборуваше, говореше дека ќе се пресели во Саудиска Арабија или Соединетите Американски Држави, според последните информации тој е на добар пат да остане на стариот континент.

Во досегашната кариера освен во родната Белгија и секако Англија настапуваше во Германија во Вердер и Волфзбург, а сега е на добар пат да „мапира“ уште една држава каде што се игра највалитетен фудбал во Европа-Италија. Офанзивецот е многу блиску до потпис со новиот шампион Наполи од кого има конкретна понуда на маса.

Се работи за тригодишен договор вреден 27 милиони евра во кој е вклучен и бонус за потписот. Повеќе вести, разрешница на ова се очекува наредната седмица, односно откако Кевин официјално ќе заврши со Сити.