[ФОТО] Каролина Куркова ги засени присутните во Кан: Вака изгледа жена која не ги брои годините, туку ги слави

Точка

24/05/2025

13:08

1.135

Големина на фонт

а а а

Каролина Куркова, чешки супермодел и поранешен ангел на „Викторија сикрет“, ги воодушеви присутните на 78-от Кански филмски фестивал

Кога 41-годишната Куркова се појави на црвениот тепих во Кан, во спектакуларен црн фустан од Стефан Роланд, беше јасно дека зад тој сјај не стојат само добри гени, туку и постојана грижа.

Каролина Куркова не е роб на трендовите за убавина. За нега на лице, таа користи докажани природни методи: кокосово масло, овесна каша и серум со витамин Ц.


„Мојата кожа не сака компликации. Колку поедноставно, толку подобро“, рече таа во едно интервју.

Нејзината шминка е „тивка револуција“ – сè е таму, а како да нема ништо. Лесна подлога, четири различни маскари за совршен волумен, веѓи обликувани со прсти и црвен кармин што го носи како симбол на самодоверба.

„Тој еден црвен кармин може да каже сè, без да прозборам“, рече таа за нејзиниот препознатлив знак.

Косата ја негува со природни масла, минимално ја стилизира и повремено има третмани на база на протеини. Нејзиното главно правило за коса е – помалку топлина, повеќе нега.


Четири тренинзи неделно

Нејзината тренинг рутина е динамична – јога за умот, пилатес за држење на телото, кикбокс за сила и ослободување од стрес. Како што самата вели: „Телото знае. Кога го слушаш, те наградува.“

Таа тренира четири до пет пати неделно, но секогаш го слуша своето тело – понекогаш половина час истегнување ѝ е доволно. Обожава да тренира со личниот тренер Брет Хобел, кој комбинира HIIT, мобилност и функционални движења.

Нејзината исхрана е интуитивна. Зелени смутија за енергија, растителни протеини за сила, многу вода и без глутен. Ручек? Киноа, печен сладок компир и авокадо. Вечера? Супа од карфиол и лосос со лимон.

„Уживам во храната. Не ги бројам залаците. Следам како се чувствувам потоа“, рече таа.


Софистициран, но едноставен стил

На Кан 2025, Каролина не само што носеше совршени фустани, туку остана верна на својот стил. Кроеви што ја следат линијата на телото, детали што раскажуваат приказна, и навидум без многу труд – ова е нејзиниот моден потпис. Никогаш премногу, но ни недоволно.

Во секојдневниот живот сака да комбинира машки кроеви со сензуални женствени парчиња.


„Модата е игра. И нема погрешен потег кога играш од срце“, вели Куркова, која е пример за тоа како грижата за себе и внатрешниот мир можат да ве направат да изгледате како да имате 25 години – а всушност имате 41 година.