Исклучително возбудлив станува финишот на трката за трофејот за најдобар стрелец во националните шампионати, кој на лауреатот ќе му ја донесе „Златната копачка“.
Тројца се издвоија: Виктор Ѓокерес (Спортинг), Килијан Мбапе (Реал Мадрид) и Мохамед Салах (Ливерпул).
Шведскиот напаѓач е далеку пред конкурентите по бројот на голови, постигна десет повеќе од двајцата во првенството оваа сезона (38), но тие се речиси изедначени по бројот на поените.
За потсетување, во конечниот вкупен резултат се пресметува и коефициентот на лигата од која доаѓа фудбалерот. Како што е познато, коефициентот на португалското првенство е помал во споредба со најсилните лиги во Европа, меѓу кои се шпанската Ла Лига и Премиер лигата, па оттука Швеѓанецот нема убедлива предност во оваа трка.
Ѓокереш има само еден поен повеќе од напаѓачот на Реал.
До крајот на сезоната, Ѓокерес има уште еден натпревар, Мбапе има уште два (Севилја и Реал Сосиедад), колку што има и Салах (Брајтон, Кристал Палас) и ќе биде навистина интересно да се види како ќе заврши оваа битка.
Зад споменатите, без шанси да се приклучат во трката, се Хари Кејн, Роберт Левандовски, Матео Ретеги…
Најдобри стрелци во Европа:
1. Виктор Ѓокерес (Спортинг, 38 гола) – 57 поени
2. Килијан Мбапе (Реал Мадрид, 28) – 56
3. Мохамед Салах (Ливерпул, 28) – 56
4. Хари Кејн (Баерн, 25) – 50
5. Роберт Левандовски (Барселона, 25) – 50
6. Матео Ретеги (Аталанта, 24) – 48
7. Александер Исак (Њукасл, 23) – 46
8. Мика Биерет (Штурм/Монако, 22) – 42,5
9. Усман Дембеле (ПСЖ, 21) – 42
10. Ерлинг Халанд (Манчестер сити, 21) – 42