Невидена сцена во едно финале: Лекарот на Спарта „исшамара“ противнички фудбалер

Дерби

15/05/2025

13:26

730

Големина на фонт

а а а

Спарта Прага има ужасна сезона и остана далеку од новиот шампион Славија Прага во домашното првенство, но великанот од чешката престолнина вчера пропушти да ја намали болката со утешна награда во Купот.

Иако влезе како фаворит во големото финале, Спарта загуби во финалето од Сигма со резултат 3:1, а овој натпревар стана вирален хит и поради една сцена која е невидена од било кој финален натпревар.

Фудбалер на Спарта Прага се пожали на повреда поради удар во лице и добиваше лекарска помош во близина на аут линијата, но кога еден играч на Сигма реши да му се потсмева и да му фаќа сеир, следеше сцена каква што не се гледа во фудбалот.

Лекарот на Спарта Прага не остана рамнодушен и му одговори на провокаторот со шлаканица во лице, а со тоа прерасна во вистински херој меѓу фановите на великанот од Чешка.

– Нашиот лекар се бореше најжестоко за грбот на Спарта….., – е главниот коментар кој преовладува на социјалните мрежи.