Најдобриот тенисер во светот Јаник Синер денеска го посети Ватикан, каде што го угости новиот поглавар на Римокатоличката црква, Лав XIV.
Синер се појавил кај папата Лав XIV со два рекети и решил да му подари еден, а кратко по средбата беше објавена и снимка од истата.
Папата го прашал Синер дали победил на вчерашниот меч во Рим, а откако тенисерот одговорил потврдно, папата го интересирало дали успеал да победи токму со тој конкретен рекет.
Меѓутоа Синер одговори дека играл со сличен рекет, кој има различна боја од онаа на рекетот што му го подарил нему.
Потоа Синер му понудил на папата да заиграат тенис, но тој одбил, велејќи дека се плаши дека ќе скршат нешто во просторијата.
Инаку, откако Франсис Превост беше назначен за нов папа, бројни медиуми пишуваа дека тој е голем обожавател на тенисот и дека претходно играл како аматер.