[ФОТО] Француски луксуз во три варијанти: Претставен "DS N°4"

Точка

15/05/2025

14:11

603

Големина на фонт

а а а

Француските мајстори за луксуз го претставија својот нов компактен хечбек со авангарден дизајн – "DS N°4".

Минатата година "DS Automobiles" нè почести со луксузниот модел "N°8" со опции од 230 коњски сили и 350 коњски сили (плус додатоци). Сега, "DS N°4" претставува нов израз во сегментот на хечбек возила, а целта на производителот била да направи „дизајн кој балансира меѓу перформанси и елеганција“.

Дизајнот е оптимизиран така што сега има нова црна маска која е многу поширока од порано, а под неа се наоѓа светлосен потпис инспириран токму од моделот "N°8". Светлосната линија оди сè до логото на "DS" во центарот.


Димензиите на моделот се 4.400 mm x 1.870 mm x 1.470 mm, а сите погонски единици доаѓаат со тркала од 19 инчи, со можност за поставување и 20-инчни тркала кај "plug-in" хибридот. Внимание е посветено и на аеродинамиката – клиренсот е намален за 10 mm.

Кога сме веќе кај погонските единици – сите се електрифицирани, па така DS N°4 доаѓа во три варијанти: самополнечки хибрид, "plug-in" хибрид и нова 100% електрична верзија.


Кај 100% електричната верзија, декларираниот досег е 450 km кој се постигнува со батерија од 58 kWh. За перформансите се задолжени 213 коњски сили и 343 Nm вртежен момент. Уште една функција што ја истакнува "DS Automobiles" се трите режими за рекуперација: "D" за низок поврат на енергија, "B "за умерен и "B+" за зголемен поврат на енергија.

Кога станува збор за "plug-in" хибридот, погонскиот склоп се состои од бензинец со 180 коњски сили и електричен мотор од 125 коњски сили. Вкупната комбинирана сила изнесува 225 коњски сили со 360 Nm вртежен момент, а од 0 до 100 km/h стигнува за 7,1 секунда. Само на струја може да помине 81 километар.


Внатрешноста зрачи со префинетост, акцентирана со приспособливо амбиентално осветлување на вратите кое дискретно ги истакнува страничните линии и создава смирувачка атмосфера во кабината.

Аудиофилското искуство е унапредено со опционалниот "FOCAL ELECTRA" аудио систем, кој со своите 14 звучници и моќност од 690 вати, во комбинација со стандардните предни и задни звучно изолирани странични стакла, гарантира исклучително чист звук.


Благодарение на меѓуоскиното растојание од 2,67 метри и ширината од 1,87 метри (со склопени ретровизори), "N°4" нуди пространа кабина и многу практични прегради за складирање.

Сите патници уживаат во удобен простор за лактите и нозете, како и доволна висина над главата – и напред и назад. Предните седишта кај моделите со кожни навлаки се достапни со функции за греење, вентилација и масажа.


Зафатнината на багажникот на моделот "N°4" изнесува 430 литри кај "HYBRID" верзијата, 360 литри кај "N°4 PLUG-IN HYBRID" и 390 литри кај новиот 100% електричен "N°4 E-TENSE". Со практично низок товарен праг, пристапот до багажникот е лесен благодарение на вратата која се отвора без употреба на раце.