Кардиологот д-р Баскар Семити истакнува дека покрај исхраната и стресот има голема улога во појавувањето на холестерол во крвта.
Според кардиологот, одредени видови бобинки и цитруси помагаат во чистење на крвните садови од масните наслаги, како што се лошиот холестерол и триглицеридите.
Тие особено се богати со антиоксиданти кои помагаат во заштита на артериите од оксидативен стрес и воспаленија.
„Оксидативниот стрес е еден од клучните фактори за создавање наслаги во артериите“, вели кардиологот за „She Finds“. Вклучувањето на боровинката и другите бобинки во исхраната може да помогне во намалување на тој стрес, со што се подобрува здравјето на срцето.
Важно е да се запомни дека одржувањето на здравјето на срцето, освен избалансирана исхрана, бара и промена во животниот стил, како редовно вежбање, намалување на стресот и избегнување на штетните навики како што е пушењето цигари.
Цитрусното овошје, како што се портокалите и лимоните, богати се со витамин Ц којшто ги штити нашите клетки од оштетување.
„Витаминот Ц има клучна улога во спречување на создавање наслаги во крвните садови“, објаснува кардиологот.
Покрај тоа, редовното консумирање портокали, грејпфрут и лимони може да помогне во чување на здравјето на артериите.