Ваквите десерти нè враќаат во детството и будат убави спомени.
Состојки:
2 јајца
1 кесичка ванилин шеќер
1 чаша (од 2 дл) шеќер
1 чаша јогурт
1,5 чаши брашно
1 лажица прашок за печиво
Подготовка
Вклучете ја рерната на максимална температура.
Изматете ги јајцата со ванилиниот шеќер, полека додадете го шеќерот, потоа јогуртот и брашното измешано со прашок за печиво.
Најголемиот плех за печење обложете го со хартија за печење, истурете ја смесата и печете седум до осум минути.
Штом пандишпанот ќе го извадите од рерна, завиткајте го во влажна крпа (заедно со хартијата за печење) и замотајте го. По пет минути, одвиткајте го, извадете ја хартијата и повторно замотајте го.
По пет минути, пандишпанот премачкајте го со џем по ваш избор, замотајте повторно и оставете го колачот да се излади. По желба, можете да го посипете со шеќер во прав.