[ФОТО] Женствено, моќно и создадено да фасцинира: Здолништето на Меланија Трамп е од оние какви секоја жена треба да има

Точка

31/05/2025

12:17

1.899

Големина на фонт

а а а

Со наједноставна, еднобојна кошула или блуза, ваквото впечатливо модно парче остава моќен впечаток, а американската прва дама го носела без грешка.

Меланија Трамп не се појавува често во јавноста од почетокот на вториот претседателски мандат на нејзиниот сопруг, но сигурно воодушевува секојпат кога ќе се појави.


Во екот на гласините дека Доналд Трамп и таа се разделени, првата дама на Америка во белата куќа организирала работилница и се дружела со малите деца.

Одлично била расположена и не ги коментирала гласините, а изгледала вообичаено елегантно. За оваа прилика одлучила да носи, ведра, пролетна и дамска модна комбинација.

Со едноставна бела кошула носела миди-здолниште од брендот „Michael Kros“, поинтересна варијанта од класичните „пенсил“ здолништа, какви американската прва дама вообичаено носи.


Изборот на Меланија бил модел од сатен којшто се шири во долниот дел, а има многу ефектен дезен.

За ова модно парче госпоѓа Трамп издвоила 1.950 долари, а го искомбинирала со тенок бел ремен и салонки на висока потпетица.





Ви се допаѓа ли модната комбинација на Меланија Трамп?