Екипата на Денвер Нагетс издвојува победа над Оклахома Сити Тандер од 121:119 во првиот натпревар од полуфиналето на западната конференција во НБА лигата.
Имавме вистинска драма на овој меч во кој блескаше Јокиќ, но Гордон беше тој што им донесе триумф на гостите од Колорадо. Имено Гордон во самата завршница прво погоди две слободни фрлања при што го намали водството на противникот на 119:118. Потоа Холмгрен не реализираше два пенали за домаќините по што се отвори можност за Денвер која беше искористена, Вестбрук испрати топка до Арон кој погоди тројка за големо славје на Нагетс.
Јокиќ реализираше 42 поени со 22 скока и 6 асистенции, ама имаше и 7 загубени топки. Гордон исто имаше дабл-дабл од 22 кошеви и 14 скока, Мареј застана на 21, додека Вестбрук од клупа забележа 18 поени. Кај ОКЦ на која сигурно влијаеше фактот дека некое време немаше натпревари откако брзо го суреди Мемфис, шестмина играчи беа двоцифрени.
Њујорк Никс ги загуби сите битки со Бостон Селтикс во регуларниот дел, губеше со 20 разлика и во третиот период на првата плејоф пресметка, ама никогаш не се откажа, покажа карактер и преку продолжение го суреди шампионот на негов терен со 108:105.
Домаќините се „убија“ од шутирање тројки, но реализираа само 15 од 60 обиди. Никси од друга страна играа паметно, Брансон и Ануноби се издвоија со по 29 поени, дабл-дабл учиноци имаа Харт и Ентони Таунс.
Кај поразените двоецот Тејтум-Браун искомбинира 46 поени.