Американскиот стример Николас Кен Де Балинтази, попознат како Снико, правел стриминг во живо, кога во кадарот влетала речиси целосно голата Бјанка Ценсори, сопругата на Канје Вест.
На снимката која се прошири на „Х“ може да се види како стримерот панично ја покрива камерата со рака во моментот кога се појавила Бјанка, облечена во проѕирно боди и перика. Кога поминала, тој ја тргнал раката од камерата.
Снимката собра речиси 32 милиони прегледи за само неколку дена и предизвика бурни реакции на „X“
Sneako immediately covers his camera as Kanye West’s wife, Bianca Censori walks into the room 👀 pic.twitter.com/nu0w5gapql
— FearBuck (@FearedBuck) May 1, 2025
„Таа е толку чудна“, „Ова е исто како кога гледаш филм со родителите, а потоа се појавува експлицитна сцена“, „Уморни сме од тоа да ја гледаме гола“, беа само дел од коментарите на „X“.
Потсетуваме на почетокот од април, Канје објави нова песна „Bianca“, а во текстот вели дека неговата сопруга го напуштила поради контроверзни објави на „Х“.
„Мојата сакана избега, но прво се обиде да ме натера да одам на лекување. Нема да одам во болница затоа што не сум болен, само не разбирам“, се дел од стиховите на песната.
Инаку, гласините за развод започнаа по скандалот на доделувањето на Греми наградите кога Бјанка се појави во проѕирен фустан кој откри сè. Имено се појавија гласини дека двојката се скарала пред доделувањето на наградите и дека Бјанка подготвувала документи за развод, но портпаролот на парот ги негираше гласините.
Потоа, се појави приказна дека Бјанка му поставила ултиматум на раперот. „Таа сака повеќе слобода. Ако тој не го прифати тоа, Бјанка ќе го остави“, коментирал извор за Дејли Мејл. Тензиите наводно биле предизвикани од тоа што Канје ѝ забранил на Бјанка да соработува со луксузни модни брендови.