Ова се најлошите видови чевли: Многумина ги носат, а тие ги уништуваат зглобовите

Точка

02/05/2025

20:23

1.221

Големина на фонт

а а а

Дали знаете дека ова се најлошите чевли? Многу луѓе ги носат, а тие полека им ги уништуваат стапалата и зглобовите!

Во желбата да изгледаме убаво, честопати забораваме колку чевлите можат да бидат штетни за нашите стапала. Високите потпетици, балетанките, апостолките и чевлите со шпиц можеби изгледаат модерно, но можат да предизвикаат сериозни проблеми, од болни плускавци до деформитети на коските.


Високи потпетици – можат да предизвикаат оток, бурзитис, па дури и фрактури. Експертите препорачуваат потпетиците да не бидат повисоки од 5 цм.

Балетанки и апостолки – не обезбедуваат поддршка за сводот на стапалата, што може да доведе до болки во колената, колковите и грбот.


Платформи и крути ѓонови – го ограничуваат природното движење на стапалото и ги оптоваруваат метатарзалните коски.

Шпицести модели – ги стискаат прстите, предизвикуваат џумки, плускавци и болни деформитети.


Дури 9 од 10 жени носат несоодветни чевли, што го зголемува ризикот од артритис и проблеми со зглобовите. За да ги заштитите стапалата, изберете чевли што обезбедуваат доволно простор и поддршка и проверете ја точната големина пред да купите!