[ФОТО] Планинари во Чешка налетале на 3,7 килограми златници од Југославија: Никој не знае како завршиле таму

Точка

29/04/2025

21:40

2.890

Големина на фонт

а а а

Додека шетале по падините на планината Звичина во Чешка, двајца планинари, чии имиња не се објавени, пронашле скриено богатство проценето на околу 300.000 евра. Богатството, откриено во февруари, содржело 589 златници, извонреден накит и други вредни предмети.

Целото богатство тежи околу 7 килограми, а дури 3,7 килограми се составени од златни монети, според „Аркеоњуз“.

Планинарите прво забележале алуминиумска кутија со монети, распоредени во 11 групи и завиткани во црна ткаенина, во близина на границата со Полска. Недалеку од таму, пронашле и железна кутија со 16 кутии тутун, 10 нараквици, чешел, приврзок за клучеви …

🤩 Depot zlatých mincí, šperků a tabatěrek o celkové váze 7 kg odevzdali dva nálezci do Muzea východních Čech v Hradci...

Posted by Muzeum východních Čech v Hradci Králové on Friday 25 April 2025

Експертите во Музејот на Источна Бохемија во Храдец Кралове сè уште се обидуваат да разберат како толку вредна колекција завршила закопана на оваа локација.

„Ова е уникатно откритие. Закопувањето вредни предмети во земја е практика уште од праисторијата. На почетокот, религиозните предмети биле закопувани, а подоцна и богатствата биле закопувани во тешките времиња. Ова е неочекувано голема колекција“, изјавил Мирослав Новак, раководител на археолошкото одделение во музејот, на Фејсбук страницата на Музејот на Источна Бохемија во Храдец Кралове.

Монетите не се вообичаени за времето во кое биле закопани, потврди музејскиот нумизматичар Војтех Бредле.

„Богатството лежело закопано во земјата малку повеќе од 100 години. Според годините на печатот, монетите се ковани од 1808 до 1915 година. Сепак, годината 1915 не е пресудна за утврдување кога е закопано богатството. Причината е присуството на неколку парчиња со минијатурни ознаки кои можеби потекнуваат исклучиво од Југославија во дваесеттите и триесеттите години на 20 век“, рекол тој.

Тој додал дека повеќето од нив се француски монети, но има и австроунгарски, како и неколку белгиски и отомански.

„Сепак, германските и чехословачките монети целосно недостасуваат“, изјавил.

Како што е наведено, потеклото на монетата е вистинска мистерија и никој не разбира како богатството било закопано на таа конкретна локација. Една теорија е дека го скрил чешки државјанин кој бегал од нацистичката окупација во 1938 година, а друга е дека го закопале Германци кои очекувале да бидат протерани по 1945 година. Трета теорија е дека тие биле закопани за време на комунистичката монетарна реформа од 1953 година.