Кога ќе се спомнат островите Киклади, Санторини или Миконос ни се првите на ум, додека вљубениците во патувањата ќе се сетат и на Милос и Наксос
Сепак, многумина не слушнале за островот Сирос, на кој се наоѓа и главниот град на архипелагот Киклади. Токму Сирос, кој е сместен на два до три часа пловење со брод од Атина – го посетил и патописецот Роберт Дацешин.
„До неодамна не ни знаев дека ова место постои во Грција, но кога истражував некое тивко, не толку популарно и локално место за одмор во Грција, сите локални жители со кои разговарав го предложија Сирос. И не зажалив за тоа“, вели Роберт, кој го опишува овој остров како мал рај на земјата.
Сирос се простира на околу 85 квадратни километри, што е приближно исто како и хрватскиот Раб, а најголеми градови се Ермуполи, Ано Сирос и Вари. Сирос некогаш бил важен трговски центар и еден од најпосетуваните острови на Егејското Море. Овој статус најдобро се одразува во монументалната архитектура. Островот исто така изобилува со одлични плажи, а најдоброто нешто е што тие никогаш не се преполни со народ – што е случај на соседните острови.